Првачињата од ОУ „Григор Прличев“ ја проследија детската претстава „Свињарот“

Денес, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, најмалите од oсновното училиште „Григор Прличев“, ја проследија драмската претстава „Свињарот“ од Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата која побуди голем интерес кај младите вљубеници во театарот, на сцената со своја успешна драмска игра се претставија актерите Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Сашо Ристовски и Билјана Билаловиќ.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid