Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2014 година изнесува 70. 659.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 24 674 субјекти или 34.9% и Преработувачка индустрија со 7 675 субјекти или 10.9%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 180 субјекти или 0.3% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 151 субјект или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85.2% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 5.6%, па субјектите со 10-19 вработени со 4.4%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.6%, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.