Основците од „Св. Климент Охридски“ на гости во Локалната самоуправа

Во рамки на серијата редовни посети, а како дел од училишните проектни активности, денес на гости во општина Охрид беа третоодделенците од Основното училиште “Св. Климент Охридски “.

Претседателката на Совет , Гордана Коњановска, како домаќин ги запозна младите охриѓанчиња со начинот на функционирањето на Локалната самоуправа.

Децата во улога на градоначалник, претседател на Совет, секретар и градски советници, во големата сала импровизираа седница на Совет , а претседателката Коњановска, им даваше информација прилагодена на нивната возраст на секое поставено прашање.

Младите се запознаа со надлежностите на Градоначалникот и на останатите стручни служби а посетата ја заокружија со обиколка низ општинската зграда во која беа опфатени кабинетот на градоначалникот како и просториите на другите служби.

Најмладите со низа впечатоци и доживувања ја напуштија општинската зграда. За нив најпривлечен беше кабинетот на градоначалникот и салата во која се одржуваат седници на Совет па посакаа и тие да бидат идните градски функционери.