СДСМ поднесе кривична пријава против Груевски

Генералниот секретар на СДСМ,Оливер Спасовски, денес одржа прес-коференција, на која истакна:

„Почитувани,

Денеска до Основното јавно обвинителство СДСМ поднесе Кривична пријава против Никола Груевски, за сторено кривично дело оддавање службена тајна.

Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.

Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив.“-истакна Спасовски.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Очекувате од Обвинителството да постапува како што треба со оглед на тоа какви информации беа изнесени на вашите прес конференции каде што меѓу другите беше споменато …?

Спасовски: Во Македонија правниот систем е сериозно нарушен, се покажа и од материјалите коишто ги објавувавме дека не може да има верба во институциите на системот бидејќи се под директна партиска контрола. Ние се уште сметаме дека треба да се одважат јавните обвинители во Р.Македонија и дел од судиите за да застанат на страната на правдата на страната на граѓаните. Тоа е една од последните шанси за ова наше општество во Македонија, иако реков дека до крај е партизирано и поклопено од власта на Никола Груевски.

Медиуми: Премиерот повторно рече дека станува збор за странски служби?

Спасовски: Нашиот став е познат во однос на ова прашање, материјалите коишто сме ги добиле се од луѓе патриоти кои и мислат добро на Република Македонија. Како и на кој начин смета Груевски да се правда во јавноста, тоа е негов проблем. Ние она што го имаме и што треба јавноста да го дознае, го објавуваме и јавноста ќе го дознае.

Медиуми: Верувате ли во објективноста на судството?

Спасовски: Реков на почетокот, судството е поклопено од ВМРО ДПМНЕ и е партизирано до крај. Не очекуваме да направат некој чекор напред кон професионализмот, меѓутоа сепак да се надеваме на совеста кај луѓето кои седат во судството и Обвинителството да проработи и да се одважат и да донесат одлука што ќе биде во корист на Република Македонија.

Oliver 26022015 02

Извор: www.sdsm.org.mk