Македонската А репрезентација на 30 март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против најдобрата репрезентација на Австралија.
Шампионот на Азија ќе гостува на Националната арена „Филип Втори“ три дена по нашиот квалификациски натпревар со Белорусија од циклусот за Европското првенство. Македонија и Австралија одиграа контролен натпревар во 1997 година. Натпреварот го доби Австралија со 1:0.