Се санираат дрвјата и гранките во УЗ „Гоце Делчев“

Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ денес ги санираше дрвјата и ги сечеше гранките во шумскиот дел од УЗ 12 „Гоце Делчев” населба, Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”.

drvja_400