Ракометарките на „Моби Дик“ остварија голема победа против ЖРК „Вардар“

Ракометарките на охридската екипа „Моби Дик“ кои се натпреваруваат во пионерска конкуренција денеска остварија голема победа против екипата на ЖРК „Вардар“. „Китовите“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а финалниот резултат на семафорот беше 17:14 во корист на домашната екипа.

Со оваа победа, охридските ракометарки значително ги зголемија шансите за учество во завршниот Final4 турнир на кој ќе се одлучи шампионот на Македонија. Со оваа победа тие се зацврстија на горниот дел од табелата и го делат второто место заедно со екипата на „Стружанка“.

Следниот викенд „китовите“ имаат тешко гостување во Скопје против екипата на Чаир.