ВМРО – Народна партија – Охрид испрати соопштение до медиумите, во врска со возобновувањето на конаците кај црквата Св. Богородица Заумска, во кое стои:
„ВМРО – Народна партија од секогаш ја поддржувала Македонската Православна Црква и секогаш била на нејзина страна. Како демохристијанска партија даваме поддршка за возобновувањето на конаците кај црквата Св. Богородица Заумска кај месноста Заум.
ВМРО – Народна партија ја поддржува Македонската Православна Црква во ширењето на се што е христијанско. Сметаме дека тоа што таа ги возобновува конаците кои некогаш постоеле на тоа место е подобро отколку атрактивните места да ги зема некој политички моќник или наводни странски инвеститори скриени во маската на светски измамници како што беше примерот со Субрата Рој.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија – Охрид.