Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2014 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.09 денари по KWh што во споредба со првото полугодие од 2014 година претставува пораст од 4.78%.
Просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за индустријата, се движи од 3.90 до 8.21 денари по KWh, по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена врeдност за индустријата, се движи од 27.49 до 28.72 денари по nm3, по групи на потрошувачи.