Анализа – Турците, Грците и Албанците најбројни туристи минатата година во Македонија

Анализа – Турците, Грците и Албанците најбројни туристи во 2014 година во Македонија, Холанѓаните, сеуште на неприкосновеното прво место по бројот на остварени ноќевања. Изминатата 2014 година во поглед на туристичките движења беше доста интересна. Освен зголемениот број на домашни и странски туристи, и зголемениот број на остварени ноќевања, мора да напоменеме и дека по структурата на националноста на странските туристи, т.е од која земја потекнуваат има доста интересни придвижувања. Како и минатите години така и 2014 година туристите од Турција го задржаа неприкосновеното прво место по број на странски…

повеќе...

Анализа за безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија

Зголемената фрекфенција и густината на сообраќајот на патиштата во Република Македонија во текот на првото полугодие од 2014 година, а особено непочитувањето на сообраќајните правила од страна на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, имаше за последица случување на 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици. Максималната ангажираност на службите за безбедност на патниот сообраќај на Министерството за внатрешни работи резултираше со поповолна безбедносна состојба во сообраќајот за што сведочат намалениот број на сообраќајните незгоди со потешки последици, каки и намалување на бројот на жртвите-учесници во патниот сообраќај. Од извршената…

повеќе...

Две мостри позитивни на листерија, конечни резултати од анализите утре

Две од анализираните 200 мостри храна, земени од страна на инспекциските служби во рамки на засилените инспекциски контроли, се позитивни на бактеријата листреија. Ова, деновиве на прес конференција, на која беа презентирани првичните резултати од лабораториските анализи на мострите, го соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. „Ние во изминатите неколку дена додека траеја контролите однесовме повеќе од 300 мостри во Ветеринарниот институт, односно во Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина и исто толкав број во Институтот за јавно здравје. Досега имаме резултат од околу…

повеќе...

Потврдено зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро”

Добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат”, со просечна  вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење на засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со…

повеќе...