Јавен повик од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид

Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го објави ЈАВНИОТ ПОВИК бр.01/2015.

Со оваа програма се обезбедува финансиска подршка за Млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност за Инвестиција за модернизација на земјоделски стопанства. Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството.

Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

Оваа мерка е се поактуелна за млади фармери кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделството преку превземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Подносителот на барањето треба да е од 18-40 годишна возраст.

Пополнување на барањето и изготвување на Деловниот план согласно Упатството за изготвување на деловен план и потребната документација ќе биде подготвено од страна на Советниците ( бесплатно) во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид.

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари НЕПОВРАТНИ средства.

За сите подетални информации заинтересираните да се обратат во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид .

Краен рок за пријавување за овие мерки е 31.03.2015 година.