Стартуваше 52 Мавровски меморијал

Со чинот на Свеченото отворање попладнево беше означен стартот на 52-то издание на Мавровскиот меморијал традиционалниот натпревар во нордиско скијање. Меморијалот за отворен го означи пратеникот од Собранието на РМ Сашо Акимовски.

На годинашново издание ќе учествуваат 56 натпреварувачи во двете конкуренции од 8 држави. Најбројна со 18 натпреварувачи е македонската селекција.

Утре ќе се одржат натпревари на 10 километри кај мажите и на 5 километри кај жени.