Се расчистува улица „Кленоец“

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, денеска започнаа акција на темелно чистење на улицата „Кленоец” од почетокот до влезот во село Долно Лакочереј.

Се метат тротоарите, се отстранува ниската вегетација и темелно се чистат наносите од земја и песок покрај граничниците. Овој потег ќе се расчистува оваа и наредната работна седмица.

Cistenje_Klenoec_02_03_15_4851