РеСПА објави огласи за вработување во организацијата

Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, објави огласи за позициите програмски менаџер (2 лица) и Национален експерт (2 лица).

Огласите се објавени на веб страната на РеСПА http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment.

Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, со седиште во Даниловград, Црна Гора, претставува меѓународна организација на која и е доделена мисијата за развојот на регионалната соработка во полето на јавната администрација во Западен Балкан. Таа го подржува креирањето на одговорна, ефективна и професионална јавна администрација во земјите на Западен Балкан, во фазата на евро-интегративните процеси.

РеСПА ја остварува својата мисија преку организација и испорака на тренинг активности, конференции, активности за вмрежување, публикации и други активности насочени за трансферирање на знаење и вештини, како и размена на искуства меѓусебно во земјите во регионот, како и помеѓу земјите во регионот и земјите членки на ЕУ.