Министерството за транспорт и врски информира дека распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Станува збор за објави за продажба на 2 градежни парцели за изградба на бензински станици, 4 градежни парцели за изградба на винарии, 7 парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустија сервиси и стоваришта.
Ова е детален приказ за секоја објава:
1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за дел од село Орешании и тоа:
– Една градежна парцела со големина од 5931 m2 за изградба на бензинска станица со почетна цена од 130 денари од метар квадратен.
– Седум градежни парцели со големина од 2075 m2 до 6406 m2 за изградба на објекти со Б2, Б3, Б4, комерцијални и деловни намени со компатибилни класи на намена А2, А3, А4, Б3. Почетната цена изнесува 250 денари од метар квадратен.
– Десет градежни парцели со големина од 1776 m2 до 2666 m2 за изградба на објекти Г2, Г3, Г4, за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Г3, Г4. Почетната цена изнесува 61 денар од метар квадратен
Пријавите за учество на јавното наддавање за сите овие градежни парцели можат да се достават до 07.04.2015 година, електронски на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk.
2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ – Мешеиштa, Општина Дебрца за изградба на винарии и тоа:
– Три градежни парцели со големина од 2186 m2, 2437m2 и 2644 m2 за изградба на винарии. Почетната цена изнесува 61 денар за метра квадратен.
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 24.03.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
3. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ Клучка Стопански комплекс-ВИНАРИЈА м.в. Циндричева шума КО Сретеново, Општина Дојран за изградба на винарии и тоа:
– Една градежна парцела со големина од 23764 m2 за изградба на винарии. Почетната цена е 61 денар по метар квадратен.
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела можат да се достават до 18.03.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
4. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ Клучка Стопански Двор, општина Ѓорче Петров и тоа:
– Пет градежни парцели со големина од 4821m2 до 7433 m2 за изградба на објекти намена Г2 лесна и незагадувачка индустрија, Г3 сервиси и Г4 стоваришта. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен.
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 11.03.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
5. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУПД за бензинска пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М1, м.в. Кулето, КО Виничани Општина Градско и тоа:
– Една градежна парцела со големина од 14658 m2 за изградба на бензинска станица и услужен центар со почетна цена од 130 денари за метар кадратен
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела можат да се достават до 18.03.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. .
Право на учество во јавното наддавање имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).
Целосниот текст на јавните објави може да се прочитаат на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk.