Подружницата на Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) од Скопје и општина Вевчани денес потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“ во која општина Вевчани e партнер од Македонија и член на управниот одбор на „Платформата за младинско учество и дијалог“.
Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог е координирана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА со седиште во Стразбург во партнерство со седум Агенции за локална демократија, АЛДА Скопје и осум општини од земјите од Западен Балкан.
Креирањето на балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог е едногодишен проект поддржан од страна на Европската комисија во рамките на ИПА Оперативниот грант за развој на граѓански организации, Приоритет 5 – промоција на социјално и економско вклучување на маргинализирани груги, особено млади
Специфични цели на проектот се:
1) Креирање на Регионална мрежа за локална демократија составена од граѓански организации и локални власти, со активно учество на младите од земјите од Западен Балкан за промоција на младинското учество на локално ниво;
2) Јакнење на капацитетите на младите од Западен Балкан за активно граѓанство и учество во процесот на донесување одлуки;
3) Зголемување на интересот на локалните власти во земјите од Западен Балкан за потребите на младите во процесот на донесување одлуки согласно европските стандардите;
4) Зголемување на свеста на локалните власти, граѓанските организации и младите лидери во земјите од Западен Балкан за европските стандарди и практики за младинско учество и регионалниот импакт на европските програми за 2014-2020 година, особено на програмите за млади.
Општина Вевчани во координација со АЛДА Скопје ќе учествува во спроведување на повеќе локални активности меѓу кои:
• Избор на два младински работници, кои ќе бидат дел од Регионалната мрежа на младински работници и ќе учествуваат на регионалните средби;
• Избор на десет млади членови на локалната советодавна група кои ќе работат заедно со двајцата младински работници во спроведување на локалните активности;
• Спроведување на повик за изработка и избор на визуелни аудио/видео записи на тема локално младинско учество;
• Редовни состаноци за координирање и мониторирање на активности;
• Тренинзи и обуки за горенаведените групи;
• Интернет кампања за подигање на свест за младинско учество и дијалог;
• Поддршка на спроведувањето на истражување за потребите на младите на локално ниво;
• Локална активност „Мојот град – младински град“;
• Локална активност „младинска уметничка програма“;
• Локална активност „Студиска посета во регионот“.
Времетраење на проектот е од 1-ви јануари до 31-ви декември годинава, со план за понатамошно дејствување и развивање на платформата во наредниот тригодишен период.