Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план У3.9 (УБ 9.4) и УЗ 15 (дел од УБ 15.5) плански опфат (ул. 15 ти Корпус и ул. Кленоец) Охрид, донесен со Одлука бр. 07-6092/39, од 30.06.2014 година од општина Охрид, со намена за изградба на комунална супраструктура – автобуски терминал со компатибилни класи на намени, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, површина на градежна парцела, максимална висина на венец, компатибилни класи на намени, депозит за учество на јавното наддавање и термин за одржување на јавно наддавање.