Објава број 4/15 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план У3.9 (УБ 9.4) и УЗ 15 (дел од УБ 15.5) плански опфат (ул. 15 ти Корпус и ул. Кленоец) Охрид, донесен со Одлука бр. 07-6092/39, од 30.06.2014 година од општина Охрид, со намена за изградба на комунална супраструктура – автобуски терминал со компатибилни класи на намени, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, површина на градежна парцела, максимална висина на венец, компатибилни класи на намени, депозит за учество на јавното наддавање и термин за одржување на јавно наддавање.

ОБЈАВА БРОЈ 4/15 ОД 06.03.2015 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Е2 КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА – АВТОБУСКИ ТЕРМИНАЛ СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1,Б2,Б3 И Б4 ВО ОПШТИНА ОХРИД.