Индекси на цените во угостителството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2015 година, во споредба со јануари 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-февруари 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.2%, додека во однос на декември 2014 година остана на исто ниво.