Најмалку 33 лица денеска го загубија животот во три одделни бомбашки напади во Нигерија.
Во првиот напад изведен од жена бомбаш-самоубиец загинале 18 лица. Таа активирала експлозив пред пазар за риба.
Во вториот напад, кој следел еден час подоцна на друг пазар, се убиени најмалку 15 лица, изјави претседателот на синдикатот на рибари Абубакар Гаманди, повикувајќи се на очевидци и здравствени работници.
Комесарот за правда на државата Борно, Кака Шеху ги потврди двата бомбашки напада, додавајќи дека трета бомба експлодирала малку подоцна на фреквентна автобуска станица.
Маидугури е двомилионски главен град на нигериската држава Борно, која се смета како упориште на екстремистичката група Боко Харам.
Извор: Нет Прес