Соопштение за работилница за шиење во рамки на културниот центар „Кула“

Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за креативна употреба на шивачката техника. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за модерната имплементација на овој стар занает. Датум: 14 – 16 март 2015Време: 12 – 18 часотМесто: Културен центар „Кула“Ментори: Бранкица Јордановска,Тамара Иванова и Мирјана ВеселиновиќБрој на учесници: 20Партиципација: /Целта на работилницата е соеднување на млади и креативни луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на шиењето. Овој отворен проект на „Кула“ се состои од тридневна етапна работа во областа на шиење, плетење, кроење и декорирање.

Производите кои ќе се изработуваат ќе бидат предмети од типот на: торби, ранци, навлаки за мобилни телефони, корици за скеч-букс итн. По завршувањето на третиот ден од работилницата, следува изложба на изработените производи. Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација ( http://ku-la.org/?p=1955 ) заедно со кратка мотивациона изјава (до 50 зборови) на workshop@ku-la.org најдоцна до 10 март 2015 година. За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област. Бројот на учесници е ограничен на 20 (дваесет).Работилницата е подржана од Холандската Амбасада во Скопје.

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org.

https://www.facebook.com/events/1557459274512497/

 Заедничко креативно творење во културниот центар „Кула“ на 14-ти март со почеток од 12 часот.