ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„ВМРО – Народна партија ја повикува Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески да ја преиспитуваат својата одлука за класична продажба на државното земјиште наменето за автобуска станица. ВМРО – ДПМНЕ во својата кампања пред 2 години најавуваше изградба на современа автобуска станица и тоа со сопствени средства на Локалната самоуправа или со приватно јавно партнерство. Меѓутоа сведоци сме дека владејачката партија го напушти овој концепт и примени класична распродажба на државно земјиште.
Поради тоа ги прашуваме која е гаранцијата дека приватната фирма која ќе го купи земјиштето ќе изгради автобуска станица и дали еден ден заради можна неликвидност истата може да згасне, а со тоа Охрид да остане без автобуска станица. Од овие причини ја повикуваме Локалната самоуправа и градоначалникот да ја напушти оваа концепција и во овој случај примени приватно јавно партнерство.
Се друго како партија ќе го рачунаме само како уште еден неостварен проект на ДПМНЕ и Локалната самоуправа.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија – Охрид.