Запленети девизи, цигари, тутун, фалсификати и друго

Во текот девизи, цигари, тутун, делови за камиони, делови за трактори и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Девизи

– 155.000 дански круни, 11.000 швајцарски франци и 1.400 евра, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Алексана минатата седмица, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани ндар Велики.

Во првиот случај, во рачен куфер на дански државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул, биле пронајдени непријавени 230.000 дански круни. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 75.000 дански круни, противвредност на 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнаесе од државата, а 155.000 дански круни се привремено задржани.

Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин кој допатувал со лет од Базел, во неговиот паричник биле пронајдени непријавени 22.100 швајцарски франци и 1.400 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 11.100 швајцарски франци, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а 11.000 швајцарски франци и 1.400 евра се привремено задржани.

Во двата случаи против патниците се поведени шрекршочни пријави.

Тутун

– 200 килограми тутун за водено луле (спакувано во 200 пластични кеси по 1 кг), откриени на влез на граничниот премин Богородица, во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Возилото било натоварено со стока од Република Турција наменета за увозник од Република Македонија. При контрола на возилото, во страничниот сандак во полуприколката и во просторот за алат во кабината бил пронајден тутунот.

Поради основано сомнение дека е сторено кривично дело, случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за спроведување на понатамошна постапка.

Цигари

– 40 штеки цигари Marlboro и Winston со македонски акцизни маркички и 6 штеки цигари Benson & Hedges со грчки акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на багажот на македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Контролата била извршена откако службата за рентгенска контрола ги известила царинските службеници дека во багажот на патникот има поголема количина цигари. Непријавените цигари се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови за камиони

– 76 резервни делови за трактори (вретено за волан, лагери, ременик за алтернатор, спојници, осовини, штрафови, дихтунзи и друго), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени во багажникот и помеѓу седиштата на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

– 54 резервни делови за товарни возила (плочки и дискови за кочници, јаболчници и воздушни перничиња), откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените делови, пронајдени под и над креветите и зад седиштата, во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 61 клуч за патнички автомобили, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на DHL пратка од испраќач од Кина, наменета за увозник од Косово.

Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе бидe поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.