Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ.

Иако цената на светските берзи е релативно стабилна, сепак во Македонија може да се очекува благо зголемување на малопродажните цени, имајќи предвид дека последната малопродажна цена е формирана кога цената на нафтата на берзата во Лондон беше околу 58 долари, а денеска е близу 61.

Оттука, поскапување на горивата за 2 до 3 денари не треба да биде никакво изненадување.