Избрани нови совети во неколку Урбани заедници

По објавеното соопштение на градоначалникот Никола Бакрачески, во тек е свикување на собири на граѓани за избори на Совети во Урбаните заедници. Деновиве се одржани собири на граѓани и избрани се совети во Урбаната заедница 1 – „Стар град“ , УЗ. 9 – „8-ми септември“ и УЗ.15 – „15- ти корпус“.

Од вкупно 18 урбани заедници, во 15 се избрани Совети, а за УЗ. 4 – „Воска“ закажан е собир на граѓани за 18 март 2015 година со почеток 19 часот, што ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

За урбаните заедници 17 – „Студенчишта“ и 18 – „Чекоштина“ не се врши избор бидејќи во нив нема граѓани со постојано место на живеење и досега немаат покреното иницијатива за формирање на органи на месна самоуправа. Одлуките за избор на Совети на урбаните заедници се распишуваат врз основа на член 106 од Статутот на општина Охрид.