„На Дното” повторно пред охриѓани

Tеатарската претстава „На Дното“, на текст од Максим Горки во петок, (13-ти март) повторно на  репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски и Павел Маслов.

Претставата е со почеток во 20:00 часот,  а влезот чини 100 денари.