Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,25 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во односна цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,50 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,745 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,925 ден/кг.