Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ триесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.03.2015 година (петок) со почеток во 11:30 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 36-тата Седница
- Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 01.02.2015 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на одделението за даноци за периодот 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на одделението за комунални такси за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014 – 2016.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за периодот 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на секторот за спорт, млади и невладини организации за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работењето на секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2014 – 2016 за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2014-2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајoт за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2014 – 2016 година за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за јавна чистота за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајoт за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2014 година и Извештајот за годишниот попис за 2014 година.
- Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ЕЛС општина Охрид за 2015 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на МЈП„Проаква“ Струга РЕ Водовод Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и извештајот за работата на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП„Грaдски гробишта“ Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01.- 31.12.2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Христо Узунов“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Григор Прличев“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финасиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Братство Единство“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОМУ„Методи Патче“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2014 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2013/2014 година.
- Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година.
- Предлог Одлука за утврдување на границата на централното градско подрачје на град Охрид.
- Предлог Одлука за донесување детален урбанистички план за УЗ 18 УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ – општина Охрид, плански период 2011 – 2016 година.
- Предлог Одлука за донесување детален урбанистички план за УЗ 6 дел од УБ 6.1, опфат 1 – Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019.
- Предлог Одлука за донесување урбанистички план вон населено место за дел од туристички комплекс – локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, општина Охрид, плански период 2010 – 2020.
- Предлог Одлука за пренесување право на сопственост на моторно возило-цистерна од општина Охрид на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Гордана Коњановска