Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини.
На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу Република Македонија и Француската Република, при што соговорниците констатираа задоволство за отворениот политички дијалог и изразија надеж за унапредување на севкупните билатерални односи во иднина. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбата во евроатлантските интеграции. Во тој контекст, македонскиот претседател посочи дека редовното и активното учество на Франција во регионалните инцијативи е конкретна потврда за француската посветеност на европската иднина на Балканот.