Денес советниците од СДСМ, ВМРО-НП, ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и до претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.
„Заради се поголемиот револт кај граѓаните и актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на урбанистичкиот план кај Плаошник, како и аспирациите за урбанизација на Студенчишко блато, бараме на седница на Советот на општина Охрид да се дополни дневниот ред со следнава точка: Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишко блато.“– информираат советниците од опозицијата.
Тие, од градоначалникот на општина Охрид, бараат негово присуство на седницата, со цел како што велат да реферира за состојбите, како и да ги пренесе ставовите од ресорните министерства, кои ги опфаќа вака дефинираната точка.
Додека пак, од претседателката на Советот на општина Охрид, опозициските советници бараат, претседателката да достави уредна покана за присуство на седницата до министерот за траснпорт и врски, Миле Јанакиески, до раководителот на Завод и Музеј, Тања Бунташеска и Трајче Талевски, како претставник од Хидробиолошкиот институт-Охрид.
WebOhrid