Со двата денешни натпревари помеѓу Шкендија и Пелистер како и Силекс против Тетекс, се комплетира и 19-то коло од Првата Македонска Фудбалска Лига. Претходно во саботата играа Работнички-Турново, додека пак вчера играа Ренова-Брегалница и Вардар-Металург. Постигнати беа следните резултати:
Работнички 2:0 Турново
Ренова 2:1 Брегалница
Вардар 2:1 Металург
Шкендија 2:0 Пелистер
Силекс 3:1 Тетекс
На табелата и понатаму лидер е Вардар со 44 бодови, 3 пред Работнички кој има 41 бод.
Наредното коло се игра во недела (15 март).
WebOhrid