Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од денес, 11-ти до 13-ти (петок), ќе биде во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија.

Тој ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот.

Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија.

Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.