Пролетно освежување на дрворедот од албиции по градскиот кеј

Денеска екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потег градски плоштад до поранешен хотел „Палас”.

Во близина на музичкото училиште „Методи Патче”, за потребите на изградбата на пешачката патека, екипите на „Паркови и зеленило” ги отстрануваат корењата од дрвјата кои претставуваат опасност по инфраструктурните елементи кои се поставуваат.

IMAG0896 IMAG0898 IMAG08991