Во спортската сала „Тодор Александров“ се одржува општински натпревар помеѓу охридските средни училишта

Покрај многубројните настани што се одржуваат во спортската сала „Тодор Алексанров“ која е во рамките на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, денес се одржува општински натпревар во ракомет помеѓу средните училишта од Охрид.

Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.

Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите.

Победник на натпреварот е „Св.Кирил и Методиј“ – Економско кој во финале го совлада „Ванчо Питошески“ – Угостителско со резултат 17-10. Третото место го освои „Св.Климент Охридски“ – Гимназија.

Во женска конкуренција победи „Св.Кирил и Методиј“.

WebOhrid