Животна средина: Се продлабочува билатералната соработка со Франција

Како резултат на продлабочувањето на билатералната соработка помеѓу Министерството за екологија, одржлив развој и енергетика на Република Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, денеска се организираше семинар за управување со води. Напоредно со семинарот се одржуваа и работни сесии на тема квалитет на воздух и клима и заштита на природата.

Во воведното обраќање министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири изрази уверување дека овој Семинар ќе претставува почеток на плодна и успешна соработка помеѓу двете држави. При очекува ангажирањето на експерти кои ќе разменат искуства со националниот експертски тим да придонесе кон постигнување на подобри проектни резултати и создавање на солидна основа за идна комуникација и трансфер на искуства и знаење. Според министерот Изаири со ова се олеснува процесот на споделување на сознанија за актуелните активности кои се спроведуваат во институциите, како и оние кои се планираат во иднина, а имаат за цел успешно имплементирање на европското законодавство и напредок на Македонија во евроинтегративни процеси, во Поглавјето 27 кое се однесува на животната средина.

Задоволство од соработката изразија и амбасадорката на Франција Лоренс ОЕР и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими кои во воведните обраќања нагласија дека ова поглавје опфаќа една од најобемните и најкомплексните области и помагањето и примањето на помош во овој Сектор е од големо значење за напредокот на државата.

11