Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин оствари тематска работна средба со делегација на Португалија предводена од Бруно Макаеш, државен секретар за европски работи на Португалската Република. Тема на разговор беше Твининг проектот за родова еднаквост.
Имено, Министерството за труд и социјална политика преку Оперативната структура за ИПА Компонентата 1, од оваа година ќе спроведува Твининг проект за родова еднаквост, а како партнери во проектот се јавуваат Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со Романија и Португалија.
Во декември започна консултативниот процес за изработка на програмата за имплементација на Твининг проектот за родова еднаквост, со прецизирање на активностите кои треба да се имплементираат во текот на 18 месечниот проект.
Државниот секретар и претставниците на Министерството за труд и социјална политика ја информираа португалската делегација за текот на проект, притоа додавајќи дека изминатиот месец избрани се локален асистент и преведувач за потребите на проектот.
Во рамки на проектот се планира да се подготви компаративна анализа на домашното законодавство со Европската легислатива, како и на институционалните механизми во земјата со европските земји.
Покрај тоа, со Проектот предвидено е изработка на родови маркери и развивање на Акциски план за воведување на родови маркери. Воедно, во рамките на проектот се планира развивање на квантитативна и квалитативна анализа за принципите на родовата еднаквост во ИПА фондовите со примена на родовите маркери.
Македонската и португалската страна разменија мислења и искуства за спроведувањето на родовата политика во двете земји и постигнаат заедничка согласност за понатамошна соработка.