Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2014 година изнесува 2.7%.
Во четвртото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во секторите: К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12.4%; Њ,О и П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.7%; Ѓ- Градежништво од 11.1% и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3.8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.5%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.8%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 14.8%, а увозот на стоки и на услуги е
зголемен во номинален износ од 9.7%.