Спречен обид за шверц на 14,7 килограми марихуана

Царионските службеници од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови вчера спречија обид за шверц на марихуана преку граничниот премин Табановце – автопат.

„На 13-ти март во 13:30 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија пристигна патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно. Возилото беше селектирано за детална контрола, првично со царински пес кој дал индикации за присуство на наркотични средства, по што е пристапено кон деталчен преглед. Притоа во повеќе фабрички делови од возилото (над предното десно тркало, во наслонот на возачкото и совозачкото седиште, во задниот лев и десен дел на багажникот и во десниот дел на предниот браник) пронајдени се 15 пакувања наполнети со марихуана, облепени со кафеава селотејп трака со вкупна тежина од околу 14,680 кг.“- информираат од Царинската управа.

Осомничениот ја набавил марихуаната во Западна Македонија и имал намера да ја пренесе во западно-европските земји.

Царинската управа поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово, а осомничениот е изнесен пред судија на претходна постапка.

Одделението продолжува со натамошни мерки и активности за откривање на други инволвирани лица во кривичното дело.

1-3_cr 1-4(1)_cr IMG_1195