ЛДП: Градоначалник, прашањето е едноставно!

ОО на ЛДП Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„1. Зошто не беше соопштено името на сопственикот кога ПРВИЧНО беше објавена информацијата на официјалната страна? (факт кој и Вие го потврдивте)?

2. Зошто кога веќе се вршеле промени на официјалната страница не напишавте „обновено“ на информацијата? (како што се прави за секоја извршена промена)?

3. Дали откако беше поставено прашањето правевте измени на официјалната страна на општина Охрид и дали со ова не направивте извртување на вистината? (кога сосема е јасно дека информацијата која ја прикривате е од јавен карактер)?

4. Во текстот, не наведуваме дека промената е направена на 07.03.2015, и не е направена тогаш, туку во тој момент „Google cache-ирал“ – во кој јасно стои дека тој датум НЕМА ПРОМЕНА!

5. Можете да ја манипулирате Вашаат администрација, но не GOOGLE, охридската јавнот, а најмалку ЛДП.

6. За вашата пристојност и навреди упатени кон ЛДП и нашиот претставник во советот на општина Охрид, нека процени јавноста!

Како сериозен политички ентитет место навреди и спуштање на нивото на комуникација, бараме конкретни одговори за вашата очигледна и неспорна манипулација во информирањето на јавноста, во која сте фатени на дело!“– стои во соопштението.