Делницата Пресека – Врбјани утре ќе биде затворена за сообраќај

Утре (вторник) на патниот правец А2е Охрид-Кичево, делница Пресека-Врбјани во период од 15.00-16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот-минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај, информираат од АМСМ.