Промовиран „Прирачник за лица без документи“

Минатата недела во просториите на СВР Велес беше одржан работен состанок со претставници од ОБСЕ, СВР Велес, Министерство за труд и социјална политика, Локална самоуправа Велес, Министерство за правда- Управа за водење матични книги, претставник од Канцеларијата на високиот канцелар за бегалци – УНХЦР, претставници од Фонд за здравствено осигурување и други релевантни субјекти.

Состанокот беше посветен на промоција на “Прирачникот за лица без документи“ и посочување на таргет групите на кои истите е наменет, како и проблемите со кои ранливите групи опфатени со оваа проблематика се среќаваат при остварување на своите права поради неможност истите да бидат уредно евидентирани во евиденциите.

На состанокот воведно обраќање имаше претставникот од ОБСЕ г-дин Томас Харт, претставниците од Министерство за труд и социјална политика и други учесници, а потоа се разви плодна дискусија во поглед на изнаоѓање модули и практични решенија со кои овие проблеми би се надминале.

Беше донесен заклучок дека заради успешно надминување на проблемите со кои лицата без државјанство секојдневно се среќаваат, неопходна и клучна е хоризонтална меѓуресорска соработка на институциите надлежни за оваа област, за што Прирачникот би имал голема улога, пред се како водич за постапување во конкретни ситуации.