Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8.4%, а кај аутпутот е зголемен за 5.9%.
Во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.9.
Во делот аутпут, во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.6.