Индекси на цените во земјоделството, февруари 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8.4%, а кај аутпутот е зголемен за 5.9%.

Во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.9.

Во делот аутпут, во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на  растителното производство изнесува 108.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.6.