На планинскиот превој Ѓавато во 19.00 ч е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Патниот правец Киселица – Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила. Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.
Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за ПМВ, а за ТМВ е забранет.
Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.На овој дел сообраќајот се одвива успорено.