Едно лице повредено во сообраќајна незгода на ул.„Јане Сандански“ во Охрид

Вчера во 14.00 часот во Охрид, на ул.„Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (39) од Охрид, удрило во велосипед „Пони“, управуван од Б.Т. (63) од Охрид.

Во незгодата Б.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што во Општата болница-„Св.Еразмо“ и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид.