Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 105.5.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2015, во однос на јануари 2014 година, бележи опаѓање од 11.0%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 9.7%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, бележи пораст од 3.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.6%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.9%, Капитални производи за 9.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.
Индексот на прометот во индустријата во јануари 2015 година, во однос на декември 2014 година, изнесува
93.0.