Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор.
На 19-ти овој месец околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото пронајдени се четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри со димензии на окца 45 x 45 милиметри кои не беа соодветно обележани и немаа соодветен жиг од Државен инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица по што мрежите во консултација со јавниот обвинител се подигнати за понатамошна постапка.
По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта во правец на хотелот Бисер пронајде дванаесет рибарски мрежи со должина од по 50 метри и димензии на окца 22×22 милиметри како и улов од дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица. Мрежите, по консултација со јавниот обвинител и надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделие, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.