Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени.
Во Охрид, времето денес ќе биде сончево и потопло, со максимална температура до 11 степени.
Од утре, недела во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.