Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија е повисок во февруари 2015, во однос на јануари 2015, а исто така и во однос на февруари 2014 година.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2015, во однос на јануари 2015 година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.
Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на февруари 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2015 година изнесува 62.2% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
домашна побарувачка со 25.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.9%, недоволната странска
побарувачка со 24.7% и финансиските проблеми со 5.7%.