Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. ЈП „Охридски Комуналец”, преку својата РЕ „Паркови и зеленило” врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни решенија на приватни паркови и одржување на дворни места.
„Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од овој цветен материјал со најразличен колорит.“ – велат од претпријатието.
Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на „Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располага ЈП „Охридски Комуналец“.